Грчкиот тим Олимпијакос, постигна договор околу откуп на договорот со кошаркарот на Партизан, Тајрик Џонс. Американецот со тоа ќе ја продолжи сезоната во „црвено-белиот“ дрес на тимот од Пиреја.
Денеска во Израел се појави информација дека Џонс ќе оди во Макаби, но според последните информации, тој, сепак, се одлучил за преселба во Грција во последен момент.
Џонс според правилата на Евролигата, има рок до 5. јануари да го раскине договорот со Партизан, за да има право за настап за друг тим во Евролигата сезонава, и тоа најверојатно ќе се случи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

