Tринеделната пауза во кошаркарското првенство тимот на Академија ФМП ќе го искористи да се засили со Тајрон Харис, играч кој е повратник во македонскиот шампионат, каде во минатото има настапувано за екипите на КК Бест Гевгелија, КК Шкупи и последно за екипата на КК Пелистер. Од Академија ФМП најавуваат дека работат интензивно на комплетирање на составот кој ќе треба да избори опстанок во Првата лига.
Тајрон Харис е роден во Хоума, Лузијана (САД) на 13 Ноември 1991 и покрај во македонските екипи, има настапувано во NCAA лигата во САД и во екипата на Слобода Тузла во босанското првенство. Тој игра на позицијата бек.
Во македонското првенство има одлични настапи со просек од 18.7 поени, 3.9 скокови и 4.8 асистенции по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

