Францускиот евролигаш Монако доби огромно засилување со потписот на преискусниот германски репрезентативец Даниел Тајс кој се враќа во Европа по успешниот настап во НБА лигата каде настапуваше за повеќе тимови меѓу кои и Бостон Селтикс.
Тајс говореше за медиумтие и откри дека голема заслуга за неговиот камбек во Евролигата има тренерот на Монако, легендарниот Василис Спанулис.
„Јасно е дека тернерот Спанулис имаше многу важна улога за мојата одлука. Се слушнавме и многу брзо се договоривме. Зборевме за тоа што можам да направам за тимот, како да влијаам за успех. Му се допаѓа начинот на кој играм и навистина е одлично да слушнете од тренер, посебно некој со неговата репутација дека ве сака во тимот“, изјави Тајс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

