Тајсон: Чував тигри во дворот, се додека жената на соседот не ја прескокна оградата и …

Носталгијата за деведесеттите години на минатиот век прво ја почна „Последниот танц“, а потоа и објавата на Мајк Тајсон дека се враќа во рингот. Тајсон во нов разговор ја раскажа цела приказна за своите тигри, кои 14 години ги чуваше на својот имот.

„Многу ги сакав. Ги чував 14 години се до тој инцидент. Не е вистина дека тие скокнаа во дворот на соседите и ја гризнаа жената. Таа дојде да си игра со нив, но тие не беа подготвени на игра па се случи несреќниот настан. Тогаш имав многу пари и решив да и платам 250.000 долари како не би ме тужела. Не бев свесен дека тигрите може такво нешто да му направат на човековото месо“, изјави Тајсон. 

По несреќниот настан тој се решил од тигрите и ги однел во засолниште за животни, каде биле дресирани. Сега Тајсон од животни чува само пудлица.

Се вчитува...