По две и пол годишна пауза, Тајсон Фјури денеска во Манчестер одново се враќа во рингот, во мечот против Албанецот Сефер Сефери, роден во Гостивар.
Враќањето на Фјури е голем боксерски спектакл, кој почна уште со вчерашното мерење на двајцата боксери. Фјури на вагата беше дури 30 кг. потежок од противникот, а потоа направи вистинско шоу за публиката кревајќи го во раце својот денешен ривал.
Пред повратничкиот меч, Фјури тежи дури 125 килограми, што е 13 килограми повеќе во споредба со последниот меч во кој го победи Владимир Кличко. Но, тоа е „добра состојба“ за славниот боксер со оглед на тоа дека на почетокот на годината тој беше во исклучително лоша состојба и тежеше дури 160 кг.
Десет години постариот Сефери доаѓа во одлична кондиција пред денешниот меч со Фјури. Тој е 30 кг. полесен и дури 26 см. понизок од својот противник. Албанскиот боксер речиси во целата своја кариера настапува во полутешка категорија и има импресивни резултати со професионален скор од 23 победи и само еден пораз, со 21 нокаут. Сепак, во денешниот меч, Фјури и покрај паузата и килограмите, важи за голем фаворит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА