Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, проговори за тоа што најмногу го мотивира пред втората борба со актуелниот планетарен владетел Александар Усик.
„Единственото нешто што ми е навистина важно е моето семејство, моите деца. Оваа борба е потребна за да се добијат многу пари кои ќе им помогнат на моите потомци. Ова го правам само заради парите, очигледно. Сите професионални боксери, да бидам искрен, се борат само за пари“, изјави Фјури.
„Индипендент“ пренесува дека ривалите ќе поделат награда од 182 милиони евра, односно 40 милиони повеќе отколку што беше во нивниот прв дуел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА