Иако беше егзибициски бокс меч, враќањето на Тајсон во рингот ги сруши рекордиte на гледаност, па се поизвесен е дуел со Холифилд. Најгледаниот боксерски натпревар досега беше судирот помеѓу Тајсон Фјури и Донте Вајлдер, но Мајк со неговите борби се заканува да ја пробие оваа бројка.
Според компанијата „Трилер“, која беше организатор на настанот, повеќе од 1,2 милиони луѓе го проследиле дуелот меѓу двајцата поранешни шампиони. Овие бројки покажуваат дека Мајк Тајсон остана „магнет“ за публиката и дека борбата со Џонсон нема да биде единствена.
Веќе Тајсон доби нова понуда, овој пат за следен предизвик се нуди бокс меч со Ивандер Холифилд.
Ивандер е подготвен, но неговата цена да се врати во рингот против некогашниот најголем ривал е екстремно висока – 25 милиони долари. Тајсон заработи 10 милиони за борбата со Џонсон, но рече дека парите се наменети за хуманитарни цели. Јавноста е пред нов спортски спектакл, а дали истиот ќе биде реализиран останува да видиме во периодот кој следува.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА