Тајсон го грабна микрофонот од противникот, и: „Зошто на никого не му е грижа за мојот задник“

Мајк Тајсон и покрај тоа што е во својата шеста деценија од животот покажа дека се уште може да биде во добра форма на рингот. Во егзибицискиот меч со Рој Џонс, кој заврши без победник според одлуката на судиите, Тајсон зададе двојно повеќе удари.

По борбата водителот на програмата побрза да го праша Џонс како се чувствува, но на сцена стапи веднаш „Челичниот Мајк“.

„А, зошто на никого не му е грижа за мојот задник? Не сум се борел 15 години, и на никого не му е грижа за мене. Тој престана да се бори пред само три години, и повторно сите прашуваат како е тој“ – порача 54-годишниот Тајсон.

 

Се вчитува...