Големиот Мајк Тајсон е свесен дека коктелот на кокаин и морфиум во комбинација со неговиот карактер бил знак за вистинска катастрофа. Тајсон се потсетува на 2009 година кога целосно дрогиран и под влијание на огромни количини алкохол буквално претепал седум проститутки бидејќи го фатила параноја дека сакаат да го ограбат.
„Лежев во хотел и се обидував секогаш да бидам со некој поред мене. Проститутки, кучиња…, не е важно само да има некој покрај мене. Се плашев да бидам сам. Тоа е навистина мрачно. Така беше и таа вечер. Јас во хотелска соба со седум проститутки околу мене, а во мене марихуана, кокаин, морфиум, вијагра и виски“ – го опишува Тајсон рецептот за катастрофа и дополнува:
„А јас на самото дно затоа што ме фаќа параноја и постојано мислам дека овие жени ќе се обидат да ме ограбат и да ме пријават во полиција. Почнав да ги тепам, буквално ги претепав. Тоа беше мојот демон, тука сум каде што сум – заклучен сам. Но, по таа вечер комплетно се променив. Тоа беше моја пресвртница“.
Како што вели Тајсон, токму по таа вечер, прекинал со конзумирањето тешки дроги и опијати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА