Мајк Тајсон веќе долго време е во пензија, но останува во интерес на јавноста со неговиот поткаст „Хотбокс со Мајк Тајсон“ во кој говори на разни теми. Овој пат легендатниот боксер за гостин го имаше психотерапевтот Шон Мекфарланд, а во текот на разговорот ги откри своите ставови за славата и парите кои ги стекна во текот на кариерата.
Американецот вели дека парите не носат среќа во животот, напротив само недоверба и лажно чувство за сигурност.
„Сите ние ќе умреме еден ден. Во последно време често се гледам себе си во огледало и гледам некои нови флеки на лицето кои порано не беа таму. Си велам себе си, крајот е блиску, брзо ќе умрам. Неодамна сфатив дека се е релативно. Е*и парите, ништо не ми значат. Секогаш им велам на луѓето кои мислат дека парите ќе ги усреќат дека тоа е лага. Кога имаш пари не можеш да очекуваш некој да те сака. Како некој искрено да ти прикаже љубов кога имаш 500 милијарди долари“, вели Тајсон кој потоа додаде:
„Мислиш дека не може ништо да ти се случи. Не веруваш дека банките можат да пропаднат. Веруваш дека си непобедлив кога имаш толку пари, но тоа се е лага. Јас постојано повторувам како тоа се е илузија“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА