Легендарниот Мајк Тајсон ќе го тренира поранешниот УФЦ шампион, Френсис Нгану и ќе биде во неговиот тим за мечот против светскиот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури.
„Не е тајна дека го поддржувам Нгану во овој дуел на шампионите. Тој има силен удар. Се радувам на соработката со него и го поддржувам неговиот премин од октагонот во боксерскиот ринг“ – порача Мајк Тајсон.
Нгану на 28. октомври во Саудиска Арабија ќе боксува против Фјури во меч според официјалните боксерски правила.
„Тој не е новајлија во борбите, тој е светски шампион. Тој знае како да се бори кога ќе го слушне гонгот, а клучно ќе биде да се комбинира неговата енергија и боречките вештини. Тука сме за да победи“ – дополни Тајсон.
Нгану вели дека со години чекал ваква борба и дека е концентриран на победа.
„Доведувањето на Мајк Тајсон во мојот камп е сигурно најдобрата одлука во подготовката за мечот со Фјури. Мајк Тајсон е мој спортски идол, и неговото искуство и боксерска интелегенција ќе бидат многу важни за усовршување на мојата техника во оваа борба. На 28. октомври светот ќе дознае кој е „најопасниот човек на планетата““ – вели Нгану.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА