Легендарниот боксер, еден од најдобрите на сите времиња, Мајк Тајсон на американски подкаст откри досега неоткриена приказна за најтешкиот противник го кој имал во кариерата.
Тоа не бил официјален натпревар, но како што вели самиот Тајсон на подготовките за официјалните борби се подготвувал против засега неименуван боксер кој му предизвикувал огромни проблеми.
„Имаше еден тим кој ми беше најтежок во спаринзите. Се боревме во првата рунда, но потоа одлучив тој да биде последен за мене да ми биде најтешко и со цел да се ставам под притисок. Задачата на моите партнери беше да ме пребиваат, а кога немаше да го направат тоа им давав отказ. Морате така да се подготвите за големи борби.
Тој тип живееше во Атлантик Сити. Добро ме пребиваше секој ден. Еден ден трениравме и јас брутално го нокаутирав. За тоа сите говореа. Како сум страшен и што им правам на моите спаринг партнери. Но никој не виде како мене ме пребиваа“, откри Тајсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА