Тајсон: Среќен сум што се вратив во рингот, мора да го повторам ова

Мајк Тајсон, по 15 години, се врати во рингот и заврши со меч без победник против Рој Џонс. Тајсон и Џонс ја завршија борбата со прегратка, притоа „Челичниот Мајк“ веднаш барајќи и реванш.

„Ремито е очекуван и најправеден исход. Среќен сум што повторно бев во рингот. Иако овие две минути по рунда сега траат како некогашните три, повторно ќе се борам. Мора да го повториме мечот, сакам реванш“ – рече Тајсон.

Но, Џонс не планира да го повтори ова искуство…

„Не знам дали можам да го повторам ова. Ударите на Тајсон и натаму се разорни“ – рече Џонс, на што Мајк му возврати.

„Но, издржа и навистина го почитувам тоа“.

Тајсон за оваа борба заработи околу десет милиони долари, додека Рој Џонс заработи околу три милиони долари.

Се вчитува...