Тајсон веќе не е банкрот – газда е на марихуана империја

Мајк Тајсон потроши околу 300 милиони долари што ги заработи за време на своето царување на боксерската сцена, по што американскиот ас пред иззвесно време мораше да прогласи и банкрот.

Сепак, „железниот Мајк“ во меѓувреме се врати на прав пат, па од 2016 година е сопственик на ранч за марихуана во Калифорнија, кој се протега на површина од над 1700 квадратни мерки. Компанијата на Тајсон произведува бројни арткикли од оваа билка, а бизнисот му носи на Мајк заработка од фантастични 500.000 долари месечно. Со оглед на фактот дека бизмисот со марихуаната допрва ќе се шири ширум светот, за очекување е овие бројки уште повеќе да скокнат во наредните две години.

Тајсон не крие дека и тој самиот користи марихуана, истакнувајќи дека маслото од марихуана му помага за намалување на болките.

„Боксувам повеќе од 20 години во животот и моето тело е причично отштетено. Имав две операции и ја користев марихуаната за смирување. Ги отстрануваше сите болки што ги имав“, изјави неодамна Мајк Тајсон.

Се вчитува...