Македонската ракометна репрезентација ги продолжува подготовките за претстојното Европското првенство 2026 кое ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.
Избраниците на Кирил Лазаров низ максимално позитивна атмосфера се подготвуваат во салата во Автокоманда за се она што во втората половина од следниот месец ќе ги очекува во Хернинг, во групата во која играат со селекциите на Данска, Португалија и Романија.
„Тука се гради формата. Тука се создава карактерот. Тука се подготвува Македонија“ – порачуваат од македонскиот национален табор од салата во Автокоманда.
За време на подготовките планирани се и четири пријателски натпревари, а првиот е на 28 декември против Хрватска во Пореч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

