Фудбалерите на Бристол сити се одлучиле да им ги вратат парите за пат и за билети на навивачите кои ја следеле нивната „бламажа“ на мечот против Престон.
Бристол гостуваше на екипата на Престон, а на крајот загубија со 5-0 доживувајќи го најубедливиот пораз оваа сезона. На гостувањето имаа поддршка од 312 свои навивачи кои пропатувале повеќе од 500 километри, па фудбалерите на омилениот клуб се одлучиле со свои средства да им ги покријат сите трошоци за тоа патување.
Менаерот на клубот, Ли Џонсон истакна дека неговите играчи почувствувале вина за поразот…
„Со тој потег фудбалерите покажаа колку ги ценат своите навивачи. Се чувствуваа виновни и постапија исправно“ – рече Џонсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА