Така живееше Тајсон: Дворец со 52 соби, ноќен клуб, сопствено казино… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Легендарниот боксер Мајк Тајсон во времето на најголемата слава имаше повеќе од 200 милиони долари на сметка, па можеше да си дозволи буквално се за да живее како цар.

Неговиот имот во Конектикат беше посебно импресивен, простирајќи се на 5.000 метри квадратни. Неверојатен имот со 52 соби, сопствен ноќен клуб и казино, кошаркарски терен, два базени, и голем број други луксузни делови.

Но, откако во 2003 година банкротираше беше принуден целиот тој имот да го продаде за само четири милиони долари…, место 20 милиони евра колку што му била реалната пазарна цена. Денеска, Тајсон живее далеку понормален живот, одгледувајќи канабис заработувајќи, како што вели, и по милион долари месечно.

 

Се вчитува...