Без многу напор македонската репрезентација стигна и до третата победа во Лигата на нациите славејќи со 4-1 на „Филип Втори“ против Лихтенштајн.
На денот кога пред 25 години во Крањ против Словенија го одигра својот прв официјален натпревар Македонија со идентични 4-1 како таа 1993 година сега повторно славеше… Тогаш Панчев, Најдоски, Канатлароски, Бошкоски, Јаневски, Мицевски…, а сега Пандев, Трајковски, Барди, Алиоски, Несторовски… Овој пат со триумф кој може да ни значи и сериозно трасиран пат за ЕП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА