Минатата генерација младинци испиша историски успех на СП 2017 во Алжир, но новиот состав предводен од селекторот Данило Брестовац е предалеку од тоа ниво.
Македонија настапува во „Б дивизијата“, но и таму не се снаоѓа најдобро, па денеска мораше да спасува бод против Италија. Младите „аѕури“ одиграа храбро и ги изненадија нашите ракометни надежи, кои наместо очекувано лесна победа, се доведоа во ситуација со гол од пенал да спасуваат бод.
Погледнете како изгледаа последните две минути од денешниот дуел во СЦ „Борис Трајковски“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА