Талаков: На Чаир секогаш е тешко да се игра, а ние сме максимално мотивирани

Со денешниот дуел на Чаир стартува седмото коло во домашниот шампионат на Прва МФЛ. На програмата е единствениот меч во Скопје, каде што премиерно сезонава на стадионот во Чаир ќе се сретнат Шкупи и Македонија Ѓ.П.

Домаќинот е во голема резултатска криза. Проблемите во тимот најмногу се одразуваат на теренот, па Шкупи засега е без бодови на своето салдо. Сепак, пред своите навивачи овој тим ќе се обиде конечно да ја „прекине“ лошата серија и да почне да бележи позитивни резултати.

На гости доаѓа Македонија Ѓ.П., тим кој на стартот од сезоната загуби три натпревари по ред, но во меѓувреме успеа да запише две победи и моментално е дел од „златната средина“ на табелата.

„Не очекува тежок натпревар. Домаќинот игра пред свои навивачи и тоа секогаш носи дополнителна мотивација. Тоа што Шкупи сè уште нема бодови за нас апсолутно ништо не значи. Тие имаат квалитет и никако не смееме да влеземе со потценување. Ние пак, од меч во меч напредуваме и играчки и резултатски. Имаме свои мотиви, сакаме победа и тоа ќе го покажеме на терен. Македонија Ѓ.П. денеска оди на три бода“ изјави Мартин Талаков.

ПМФЛ 7. КОЛО: 

ДЕНЕСКА: 

(15.30) ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 

УТРЕ: 

(15.30) ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 

(20.00) ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 

ПОНЕДЕЛНИК: 

(15.30) АП БРЕРА – АРСИМИ 

(15.30) СИЛЕКС – СТРУГА 

ВТОРНИК: 

(15.30) ПЕЛИСТЕР – БАШКИМИ 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...