Тале, во Вардар треба да играш шампионски (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Филип Талески го облече дресот на Вардар. Репрезентативниот колега Борко Ристовски и минатата сезона беше дел од тимот, а и од подалечното минато знае што значи да се носи „црвено-црниот“ дрес. Секако, доби некој совет Тале од Борко, дека во Вардар треба да се игра во шампионски стил.

И Гоце Георгиевски е дел од дружината. Репрезентација во мало, заедно со капитенот Столе Стоилов. Покрај македонските репрезентативци, тренерот Стевче Алушовски ќе има на располагање и неколку нови хрватски имиња, како и искусниот српски интернационалец Марко Вујин. Ќе биде Вардар конкурентен и оваа сезона и за најквалитетните во Европа.

 

Се вчитува...