Грузискиот фудбалер Квича Кварацхелија е пред трансфер во ПСЖ вреден 80 милиони евра, а Наполи нема долго да чека да ја донесе неговата замена на „Диего Армано Марадона“.
Како наследник на одличниот Грузец се споменуваат повеќе фудбалери, меѓу кои и шведскиот репрезентативец со македонско потекло, Дејан Колушевски, но и талентираниот аргентински фудбалер од Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо.
Минутажата на Гарначо на „Олд Трафорд“ драстично се намали под водство на Рубен Аморим, а неговото заминување го олеснува и големиот финансиски прилив кој ќе го добие англискиот тим со оглед на тоа што Аргентинецот е продукт на младинската школа па негов трансфер би бил „чист профит“ за балансирање на финансискиот фер-плеј.
Првиот контакт помеѓу Наполи и Манчестер Јунајтед е веќе постигнат, но се очекуваат подолги преговори за сумата за трансфер. Манчестер Јунајтед цели на премин вреден 70 милиони евра, а Наполи е подготвен да издвои 20 милиони помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА