Талентираната Таида Беровиќ е ново засилување на ЖРК Вардар

Женскиот ракометен клуб Вардар се засили со една од најдобрите и најперспективните млади ракометарки во Македонија, Таида Беровиќ.

Беровиќ беше дел од македонската репрезентација на Европското првенство за кадетките, а на само 17 години доби повика и за А-тимот на Македонија. На последниот ЕХФ викенд беше одлична за сениорскиот состав и една од најважните алки за освојување на турнирот во Република Турција.

Репрезентативката покрај за сениорската екипа, може да настапува и за кадетките кои се актуелен шампион на Македонија. Беровиќ имаше одлична полусезона во тимот на Металург Автокоманда од каде премина во ЖРК Вардар.

Се вчитува...