Новиот ракометен суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 има нов десен бек за сезоната 2025/26. Клубот од Битола денеска потпиша договор на четири години со еден од најголемите таленти на својата позиција во нашата земја, Илија Илијевски.
Илијевскисе обрвза на соработка со пелистерци до јуни 2029 година. Се работи за 15-годишно момче, веќе високо 202 сантиметри, со огромен простор за напредок. Во Битола доаѓа од неговиот матичен клуб Вардар Неготино.
Новиот „џин“ во ростерот на Еурофарм Пелистер 2 ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Зарков на почетокот на подготовките за сезоната 2025/26.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

