Македонија ЃП објави дека еден од нивните најголеми таленти, 16-годшниот Алтин Алији, потпиша професионален договор во траење од четири години.
Алији е најдобар стрелец во кадетската лига со 14 голови, и еден од најдобрите млади играчи во Македонија. Станува збор за 16-годишен напаѓач, а веќе дебитираше за првиот тим на подготовките во Хрватска и во Турција, каде постигна еден гол.
Тој во моментов е дел од селекцијата до 17 години, каде има шест настапи и постигнато еден гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА