Младиот талент на Барселона, Франциско Тинкао од следната сезона ќе го носи дресот на премиерлигашот Вулверхемпон откако каталонскиот и англискиот тим договорија позајмица на една сезона.
Тринкао во англиското првенство доаѓа во „португалската колонија“ по успешна сезона со Барселона во која успеа да забележи 28 настапи во Ла Лига, а притоа постигна и три гола и две асистенции. 21-годишникот сега ќе има шанса да се докаже и во една од најсилните лиги во светот, а и понтаму останува во плановите за иднината на тимот од „Камп Ноу“.
Our second summer arrival… #WelcomeTrincão
✍️🐺 pic.twitter.com/kq6da2S2jG
— Wolves (@Wolves) July 4, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА