Македонскиот репрезентативец Филип Талески го имаше најсилниот шут на Европското првенство, кога на мечот против Чешка „распали“ со брзина на шут од 141 километар на час. Постигна гол во тој обид, но од „силината“ и не се виде премногу во останатиот дел од натпреварот. Талески остана на само два гола од седум обиди и како што и самиот призна, не го „изремети“ премногу чешкиот голман Галија од левата бековска позиција.
Затоа пак многу поуспешно шутот го користеше Станислав Кашпарек, чешкиот десен бек, кој беше стрелец на седум гола, а го имаше и вториот најсилен шут, со брзина од 140 километри на час.
Македонија го загуби дуелот со Чешка (25-27) со катастрофално одиграно второ полувреме иако по 30 минути имаше предност од два гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА