Ракометната репрезентација на Македонија со убедлив триумф над Луксембург од 38-24 ги стартуваше квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година во Германија.
Репрезентативниот бек Филип Талески по мечот размислува слично како селекторот Лазаров…
„Голем процент од тоа што го договоривме го остваривме. Сметам дека не треба да имаме грешки со ниту еден тим како што беше во второто полувреме. Не смееме да си дозволиме такви грешки бидејќи многу ќе не чини со посилни репрезентации. Денеска ни останува да одмориме и потоа да се подготвуваме за мечот во Турција со ладни глави бидејќи тој натпревар ќе биде клучен во овие квалификации“, изјави Талески.
Во второто коло избраниците на Кирил Лазаров во недела ќе и гостуваат на Турција во Ван, а натпреварот е со почеток во 16 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

