„Балканската врска“ добро функционира во германскиот Рајн Некар Левен во подготовките за новата сезона. Филип Талески со двегодишен стаж меѓу „лавовите“, како „староседелец“ му помага на новодојдениот Илија Абутовиќ, кој летово се пресели од Скопје во Манхајм. Новак во Рајн Некар Левен е и поранешниот играч на Металург, Владан Липовина.
Тренинзите на почетокот од подготовките се комбинирани и со промотивни акции во кои ракометарите на Рајн Некар Левен се дружат со навивачите. „Лавовите“ се пробаа и на тркачката патека на “Meet & Speed” настанот организиран од производителот на спортска опрема ЕРИМА кој е еден од спонзорите на Рајн Некар Левен. Младиот македонски репрезентативец имаше „возачки совети“ и за капитенот Енди Шмид…
Избраниците на тренерот Николај Јакобсен викендов го одиграа и првиот контролен натпревар во кој славеа со 46-18 против третолигашот Офенбах.
Рајн Некар Левен ќе биде еден од противниците на Вардар во групната фаза од Лигата на шампионите и во претстојната сезона. Талески и Абутовиќ со „лавовите“ ќе гостуваат во Скопје во натпреварот од 4. коло на почетокот на октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА