Екипата на Бенфика во чии редови настапува и Филип Талески продолжува со одличните изданија во Лигата на Европа, па така португалскиот гигант е со перфектен скор и по четвртата рунда од ова натпреварување.
Бенфика вечерва на домашен терен го пречека Татран Прешов, меч на кој Талески и соиграчите целосно доминираа, уште на полувреме имаа двоцифрена предност од 22-12, за на крајот да слават со убедливи 36-23.
Талески го заврши натпреварот со два гола и исто толку промашени шутеви, а најефикасни кај Бенфика беа Изкиердо со шест и Валенсија со четири погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА