Талески и Миркуловски скромни во Бундес-лигата

Филип Талески со еден гол придонесе во победата на Рајн Некар Левен од 29-23 над Хановер во 17.коло од германскиот ракометен шампионат. Со 14. сезонски успех Рајн Некар останува во чекор со водечките Кил и Фленсбург. Има 29 бода, еден помалку од Кил и три помалку од Фленсбург, кој е со натпревар помалку.

До триумфот над Хановер, Рајн Некар дојде во второто полувреме, на паузата беше 12-12, а вториот дел тимот на Талевски го доби со 17-11.

Еден гол постигна и Филип Миркуловски, но неговиот Вецлар загуби на гостувањето кај Ерланген со 27-20. За Вецлар ова беше дури 11. сезонски пораз наспроти само шесте победи, биланс кој е доволен за 12 бода и 13. позиција на табелата.

Се вчитува...