Филип Талески со Рајн Некар Левен загуби на гостувањето кај Фленсбург (27-22) во вториот натпревар во германската Бундес лига. За актуелниот германски шампион ова е прв пораз сезонава.
Во дербито на колото неизвесно беше само првото полувреме во кое двете екипи се менуваа во водство, а на крај домаќините заминаа на одмор со предност од 12-9. Во вториот дел Фленсбург целосно ја презеде контролата на играта и на резултатот и на крај славеше сигурна победа.
Десниот бек Хогар Гландорф го предводеше нападот на Фленсбург и беше најдобар стрелец на теренот со седум гола. Кај Рајн Некар Левен најефикасен беше Патрик Грецки со шест погодоци. Талески на овој меч остана на клупата.
Пораз во ова коло запиша и Филип Миркуловски со тимот на Вецлар на гостувањето кај својот поранешен клуб Хановер (30-27). Миркуловски постигна еден гол за Вецлар во чиј состав најефикасен беше Александер Херман со седум погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА