Филип Талески и во следната сезона ќе го носи дресот на Вардар, откако го договори продолжувањето на соработката со „црвено-црните“ за уште најмалку една сезона.
Македонскиот репрезентативец пристигна во Вардар минатото лето од Бундес-лигата, во меѓувреме имаше понуди за повторно да замине во странство, но на крајот сепак реши да остане во црвено-црниот дрес и во сезоната 2021/2022.
„Останувам во Вардар и следната сезона. Имав и други понуди, но мислам дека одлуката да останам во Вардар е најдобрата. Договорот е на една година, со можност да биде продолжен за уште една“, изјави Талески за “g-sport.mk”.
Вториот лев бек на „црвено-црните“, Германецот Кристијан Дисингер летово сигурно го напушта Вардар. Воедно, своето заминување од клупата го потврди и тренерот Алушовски, по што веќе извесно е дека од следната сезона на клупата на „црвено-црните“ повторно ќе седне Веселин Вујовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА