Македонија вчера со катастрофален пораз од Шведска (32-20) ги почна настапите на Светското првенство во Египет. Бекот на „црвено-жолтите“ Филип Талески вели дека не смее да има изговори за прикажаната игра на вчерашниот натпревар, но мора да го заборават и да се насочат кон дуелот со Египет.
„Нема алиби и изговор за тоа што го одигравме вчера. Не одигравме тоа што беше договорено, не бевме борбени, не се враќавме навреме назад. Знаеме дека сите сакаат се најдобро за репрезентацијата, сакаат да победуваме, сакаме и ние, но треба трпение. Ова е репрезентација во создавање има осцилации. Нема оправдување за тоа што го одигравме вчера, сега мораме да се фокусираме на тоа што не чека. Против Египет не смееме вака, тие се фаворити но ние мораме да ја преземеме работата во наши раце, ако сакаме подобар резултат“, изјави Филип Талески.
Македонија утре во второто коло од шампионатот ќе игра со домаќинот Египет, а натпреварот е закажан за 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА