Талески: Имаме тешка група, но не се плашиме од никого

Ракометната репрезентација на Македонија одржа прес-конференција пред поаѓањето за Краков каде во петок ги почнува настапите на Светското првенство на кое домаќини се Полска и Шведска.

Еден од лидерите во репрезентацијата, ракометарот на Вардар, Филип Талески вели дека иако имаат тешка група, тој и соиграчите не се плашат од никого.

„Навистина имаме една тешка група, но нема да се предадеме против никого, ги знаеме противниците, добро ги анализиравме противниците. Во првото коло играме со Норвешка која е фаворит за злато, но тоа не треба да не плаши. Секоја репрезентација игра квалитетен ракомет, ние нема да се плашиме, веќе покажавме дека можеме да играме со секого кога е најтешко. Наше е да ги слушаме советите на селекторот, верувам дека имаме добра иднина, станавме модерна репрезентација со многу трчање и постигнати голови. Треба да се фокусираме на одбраната и од тоа да произлезат нови голови од транзиција, младоста тоа ни го дозволува, зошто ние да не бидеме изненадување на едно големо натпреварување како што некои други репрезентации биле во минатото“вели Талески.

Македонија шампионатот го почнува во петок со дуелот против Норвешка, а потоа играме уште со Холандија во недела и Аргентина во вторник.

Се вчитува...