Вардар стигна до втората победа во новата година откако на домашен терен славеше над Нексе со 27-26 со СЕХА лигата. Еден од предводниците на „црвено-црните“ беше Филип Талески кој потсети на најдобрите денови и го одигра најдобриот натпревар оваа сезона во кој постигна шест погодоци.
По дуелот македонскиот репрезентативец се осврна кон осцилациите во играта, кои смета дека ќе бидат само една добро поука, а добрата форма ќе се обиде да ја пренесе и на следните средби.
„Среќни сме за втората победа во СЕХА лигата. Малку потешко од очекувањата. Доволно се познаваме со Нексе. На стартот добро ни одеше, посебно во нападот, но во последните петнаесетина минути тие стигнаа до егал и се играше гол за гол. Мислам дека не смеевме да дозволивме такви падови во играта и треба да извлечеме поука. Задоволен сум од мојата игра, ми требаше вакво нешто за самодовербата, конечно мислам дека го дадов тоа што треба секогаш да го давам. Нема тука да застанам, ќе одам само напред“ – изјави Талески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА