Филип Талески беше најдобар стрелец на македонскиот национален тим на премиерниот дуел со Норвешка, но на одличниот шутер му е јасно дека сите наши ракометари ќе мора да одиграат далеку подобро ако сакаат да стигнат до позитивен резултат во второто коло против Холанѓаните.
Според бекот на Вардар, клучните грешки во играта од дуелот со Норвешка се увидени и нема да се повторат против Холандија.
„Да бидам искрен, немаме за што да жалиме, бидејќи квалитетот сепак беше на страната на Норвешка и тоа се потврди и на терен. Ги увидовме падовите што ги имавме, техничките грешки кои донесоа резултатот да отиде во корист на противникот, четири слаби минути во првото и уште шест во второто полувреме, такви лоши периоди не смее да ни се случуваат. Од денеска мислите ни се само кон Холандија, имаме шанси, но тоа мора да се потврди на терен. Знаеме што да очекуваме, тие играат уште побрзо од Норвешка, ако го сопреме тоа, ќе имаме добри шанси за победа. Не е толку физичка силна Холандија во одбраната, може да напаѓаме квалитетно, но мора да ја сопреме нивната брза игра. Верувам дека нашиот селектор ќе има добра таткика за нив“, изјави Талески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА