Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Талески е на мета на актуелниот освојувач на Лигата на Европа, пренесуваат португалските медиуми.
Талески во 2020 година се врати во Македонија каде потпиша со РК Вардар по авантурата од неколку години кои ја имаше во Бундеслигата во тимовите на Рајн Некар Левен и Балинген, македонскиот бек повторно би можел да замине во странство.
Бенфика која минатата сезона имаш историска година во која го совлада Магдебург во финалето од Лигата на Европа, годинава разочара откако прерано ја заврши својата европска авантура.
Талески и годинава е еден од најдобрите ракометари на Вардар, но македонскиот шампион и доколку ја одбрани титулата во Суперлигата, поради долговите кои ги има веројатно повторно нема да може да биде дел од Лигата на шампионите, па поради тоа одличниот бек би сакал да замине во странство.
Transfer news from SL Benfica, @ojogo reports:
📌Filip Taleski (🇲🇰, left back, RK Vardar) is close to join from the upcoming season
📌Leandro Semedo (🇨🇻, left back) and Carlos Martins (🇵🇹, right wing) leave the club this summer despite contracts to 2024
📌Francisco Tavares (🇵🇹,… pic.twitter.com/m0oRhFPyoS— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) April 15, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА