Талески и Најдовски го чуваат Вардар на дербито, Омерагиќ пропушти да ја „смрзне“ Шкендија

После првиот дел на дербито помеѓу Шкендија и Вардар, нема голови. На теренот е возбудливо, има шанси, има многу борба, многу дуели, неколку обиди од двете страни.

Најсериозната шанса Вардар ја имаше во 24. минута. Центрираше Мато од левата страна, а Омерагиќ со глава се обиде, топката заврши само за малку крај голот.

Шкендија, пак, имаше уште посериозна шанса во 31. минута. Најпрво силен удар на Ибраими од прекин, Талески одбрани, а од истата акција уште два шута на фудбалерите на Шкендија, од кои првиот го изблокира Филип Најдовски на самата гол линја, а потоа и Талески успеа да одбрани удар од 5-6 метри, и така Вардар успеа да ја сочува својата мрежа.

Се вчитува...