Талески: Нашите грешки го одлучија победникот, главата горе одиме понатаму

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Македонската ракометна репрезентација иако со многу проблеми со кои се соочуваше пред стартот на шампионатот, одигра одличен натпревар против Словенија (27-25) во 1. коло од Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Репрезентативниот бек, Филип Талески вели дека одлично биле подготвени за противникот, особено во фазата на одбрана, но грешките во нападот ги чинеле пораз.

„Воопшто со ништо не не изнанедија, напротив, бевме многу подготвени, особено во одбрана, што за секоја нивна акција, како што почнуваше така знаевме што ќе играат. Одбраната ни беше на високо ниво, но во нападот направивме грешки што не смеевме да ги направиме и тука го загубивме натпреварот. Отворивме добро, со 4-1, но потоа ни направија серија од 6-0. Тоа е осцилација што веќе не смееме да ја дозволиме. Очекувавме ваков натпревар, тежок неизвесен, дадовме максимум, но ете, грешките не однесоа во друг правец. Одиме понатаму, главата горе, не чекаат уште важни натпревари. Ако се пружи и некоја шанса да се пласираме во вториот круг ќе бидеме подготвени да ја искористиме“, изјави Талески. 

Македонија во сабота во 2. коло ќе игра против репрезентацијата на Црна Гора која вчера во првата рунда беше декласирана од Данска 30-21.

Се вчитува...