Филип Талески доби шанса како стартер на денешниот осминафинален натпревар со Норвешка, но новиот член на Некар Левен како и на претходните средби не прикажа игра каква што сме навикнати да гледаме од него од дресот на Металург. Младиот ракометар беше самокритичен по завршувањето на средбата, признавајќи дека е свесен дека тој и останатите дебитанти морале да прикажат подобро.
„Ние помладите можевме и моравме подобро, тоа е факт. Мислам дека изгоревме во желбата на мундијалот, исто како што целата репрезентација изгоре во желбата на оваа осминафинална пресметка. Разочарани сме бидејќи разликата е преголема, бидејќи ова денеска не беше вистинското лице на Македонија, но од друга страна овој настап ќе ни биде огромно искуство. Верувам во нашата репрезентација и очекувам уште подобри резултати во иднина. На овој светски шампионат имавме две цели, прво да ја минеме групата, а потоа и да ја избегнеме Франција како ривал во осминафиналето. И двете ги реализиравме и вистинска штета е што со овој пораз малку го нарушивме впечатокот“ – изјави Талески по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА