Македонија имаше водство од 3-0 на почетокот на последниот натпревар од групната фаза против Исланд, но падот на играта во одбраната значеше и губење на тоа водсво. Ракометарите на Исланд успеаја да го свртат резултатот во своја корист и да наталожат предност од четири гола која Македонија ја стопи на нешто помалку од пет минути до крајот.
Издржливоста е особината која е карактеристична за оваа ’нова Македонија’, смета Филип Талески.
„Многу ми е мило што ја задржавме таа традиција на празник, особено на голем празник да не бидеме поразени. Бод е бод. Го задржавме тоа трето место. Нè очекува Норвешка и се надевам дека ќе бидеме подготвени. Денес знаевме дека не очекува тежок натпревар. Оваа нова Македонија има еден нов менталитет –да не се откажува, да игра до крај и тоа го покажавме. Во последните четири минути се вративме од негатива од четири гола, имавме и напад за победа, но одлучивме да не ризикуваме и да го задржиме тој бод“ – вели младиот среден бек
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА