Талески: Овој пораз нека ни биде школа, нема да ни ја сруши самодовербата

Филип Талески е свесен за направените грешки на нашите ракометари при денешниот пораз од Норвешка, но асот на Вардар посочи дека многу важно ќе биде тоа да се корегира за претстојните дуели со Холандија и со Аргентина.

„Во првиот дел бевме рамноправни, дваесетина минути, а потоа во последните десет ни направија голема разлика, од пет-шест гола. Во второто полувреме се одржуваше разликата, ќе намалевме во некои моменти, па повторно ќе ни се повтореше истото. Ова треба да ни биде школа, против Холандија нема да смее вака да одиграме и да грешиме вака. Ќе анализираме, ова нема да ни ја сруши нашата самодоверба. Ако победевме ќе беше големо изненадување, но не се случи тоа. Фокусирани сме на тоа што не чека на следните два натпревари. Да преспиеме, да се оладиме од ова денеска и да се подготвиме за Холандија“, изјави Филип Талески.

Се вчитува...