ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски
Сосема очекувано Филип Талески видно разочаран по дебаклот на македонската селекција против Шпанија.
Според Талески, пехот со повредата на капитенот Кирил Лазаров и лошиот старт на мечот го решија победникот. Но, левиот бек на македонската селекција вели дека нема и не смее да има предавање до крајот на шампионатот…
„Може да кажам дека два моменти ни пресудија. Пехот со повредата на Лазаров и навистина лошиот наш почеток на мечот. Немавме решение на почетокот за одбраната на противникот, а потоа беше тешко постојано да се брка негативата. Се виде и колку ни недостасува Лазаров во играта“ – изјави Талески и дополни:
„Мислам дека и потфрливме во извршувањето на зададените задачи од селекторот. Не одигравме како што тој бараше од нас. Ако го послушавме мислам дека поинаков ќе беше текот на мечот. Но, што е тука е. Го оставаме ова зад нас затоа што мора да се фокусираме на следните два натпревари. Ќе биде многу тешко против Чешка и против Данска, два натпревари во два дена. Но ќе мора да дадеме се од себе“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА