Чуварот на мрежата на прилепска Победа, Давор Талески, без сомнение е еден од најзаслужните за последните резултати на тимот преку кои се чини во голема мера се избегна можноста за директно испаѓање од прволигашката конкуренција сезонава.
Талески и на вчерашниот дуел во победата од 1-0 против Шкендија успеа да ја зачува сопствената мрежа на стадионот на „Могила“, продолжувајќи ја минутажата на несовладливост откако Победа игра на ова игралиште. Цели 419 минути капитенот на прилепчани не дозволува погодок во неговата мрежа.
„Ова беше навистина голема победа за нас. Сите сме пресреќни. Демонстриравме навистина добра игра за заслужени три бода. Голема благодарност до сите прилепчани кои беа со нас а посебно до нашиот 12-ти играч, навивачката група ‘Мајмуни’. Сега се концентрираме на наредниот протовник. Се додека има теоретски шанси за директен опстанок ние ќе се бориме со последната капка пот. Шкупи е одлична екипа, но во неделниот меч и ние ќе се прашуваме“ – вели Талески по вчерашната голема победа над Шкендија.
Победа сега на првенствената табела има 29 бода, осум повеќе од претпоследнопласираната Брегалница, додека Шкупи има 33 бода на позицијата која обезбедува директен опстанок во лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА