ЕКИПА во Минхен,
Стеван Цаневски
Филип Талески беше разочаран по денешниот пораз од Исланд, вината барајќи ја во таборот на македонскиот национален тим, но и кај судиите.
„Разочарани сме бидејќи по подолг период се случува да не ја минеме првата рунда. Се боревме до последната минута, но среќата, како и судиите не беа на наша страна. На крајот сепак самите сме си виновни, ако ја гледаме целата ситуација мислам дека заслужено загубивме“ – истакна Талески.
Левиот бек постигна четири погодоци вечерва, негов најефикасен натпревар на овој светски шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА