Некар Левен забележа нова победа во Бундес-лигата, овојпат на гостувањето против Вецлар со резултат 24-31, во дуелот кој претставува мак-дерби во германскиот шампионат, пресметка меѓу тимовите на Филип Миркуловски и на Филип Талески.
Македонските репрезентативци немаа позначаен ефект, со оглед на фактот дека и двајцата не се запишаа меѓу стрелците, но на крајот на победата се радуваше Талески, чиј тим со оваа победа повторно е на делба на првото место на табелата, заедно со Фуксе Берлин, со скор од осум победи и еден пораз во досегашниот дел од сезонава.
Анди Шмид повторно беше главна фигура кај Некар Левен со дури 12 постигнати погодоци, додека прв стрелец на Вецлар при денешниот пораз беше Холст со пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА