Голманот на Шкендија, Давор Талески со нов имиџ ќе ја чека пролетната сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Како што вели за официјалната интернет страница на клубот, сето тоа со надеж, можеби, и за продолжување на позитивниот резултатски ефект на тетовци кои досега се без примен гол низ подготвителниот период. Шкендија во моментов во Анталија ја реализира главната фаза од подготовките.
„Од стартот овие подготовки течат во одлична атмосфера и одлични услови за работа, што мислам дека е многу важно за сите нас фудбалерите. Мислам дека главниот дел го завршивме на високо ниво досега и ако продолжиме со ова темпо мислам дека можеме да бидеме оптимисти за престојната полусезона“.
Талески е на три натпревари без примен гол низ актуелните пријателски средби…
„Во ред, иако ова се пријателски натпревари, ме радува фактот што се уште немаме примено гол. Како што кажавте, сепак се контролни натпревари, но дефинитивно би ја истакнал нашата добра работа во голманскиот сектор, предводена од Салејдин Мустафи. Мислам дека до сега имавме ист ефект заедно со моите колеги Ферат Рамани и Астрит Амзаи. Мислам дека ако продолжиме со ова темпо, како што реков, треба да бидеме многу оптимисти“.
Следниот тест предзвик за Шкендија е летонска Лиепаја…
„Најважно е што здравствениот билтен е добар, благодарение на Бога, и подготвени сме да го чекаме претпоследниот контролен меч пред генералката со Динамо Киев. На мечот со Лиепаја се надеваме на победа, нормално, без примен гол“.
Талески се одлучи со нов имиџ да ја чека пролетта…
„Не би навлегувал во детали како дојде до оваа точка, но среќен сум што на некој начин се покажа позитивно, иако според мене не е позитивно. Но, како што кажавте, оваа промена е убава“ – вели низ смеа Талески во изјава за официјалната интернет страница на клубот, и дополнува:
„Ми помогна цимерот Коцев да дојдам до овој степен на промена на фризурата. Најпрво беше малку исплашен, но за пет минути ја среди брзо како што треба“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

