Македонскиот репрезентативец Филип Талески со Рајн Некар Левен славеше очекувана победа против последнопласираниот Лудвигшафен со 21-28, во натпреварот од 14.коло во Бундеслигата. За „лавовите“ ова е 11 победа со која одново фаќаат приклучок во врвот на табелата. Рајн Некар Левен моментно е на четврото место со 23 бода, три помалку од Кил и од Магдебург и пет зад водечкиот Фленсбург.
Избраниците на тренерот Николај Јакобсен во поголем дел од натпреварот беа во водство и имаа контрола на резултатот. Но, во првиот дел домаќините пружија силен отпор, на три пати имаа и минимална предност. Сепак, пресуди квалитетот и искуството на Рајн Некар Левен кој на полувремето замина со предност од 11-13. Гостите го засили темпото и со серија од 3-0 на стартот од второто полувреме го решија победникот на овој меч.
Филип Талески го заврши мечот со еден погодок од еден обид, а најефикасен кај Рајн Некар Левен беше исландскиот ветеран Гудјон Валур Сигурдсон со 10 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА