По серијата од шест натпревари без победа во Бундес-лигата и во Лигата на шампионите, Рајн Некар Левен одново се враќа во победнички ритам и врза втора победа по ред. „Лавовите“ од Манхајм на домашен терен славеа против Штутгарт со 33-23 и ја запишаа вкупно 12.победа во Бундес-лигата.
Рајн Некар Левен беше супериорен во овој дуел од почеток до крај. Извонредната игра во одбраната не им остави многу простор на гостите кои првиот дел го заврпија само со осум погодоци, а „лавовите постигнаа двојно повеќе (16-8). Во продолжението, Рајн Некар Левен рутински ја зголемуваше предноста достигнувајќи највисоки +11 (27-16).
Филип Талески коректно го заврши својот дел од обврските во одбраната, а запиша и еден гол од два обиди. Најефикасен во составот на Рајн Некар Левен беше Џери Толбринг со осум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА